„Нема да се чудам ако моите жешки видеа ги гледаат Талибанци“, вели единствената авганистанска порно-звезда Јасмеена Али – ММС
ММС

Објавено на: 02/2/22 4:03 PM

„Нема да се чудам ако моите жешки видеа ги гледаат Талибанци“, вели единствената авганистанска порно-звезда Јасмеена Али

Јасмеена Али (28) се родила во Кабул и пораснала под строг талибански режим. Татко им помагал на британските и американските трупи со преводот па добил азил во Велика Британија. Таа имала само десет години кога се преселила во Англија.

– Родителите во мене вградуваа само страв. Бог, казна, пекол. Татко ми рече дека ќе ме убие ако се одречам од исламот – вели Јасмеена за Њујорк Пост која е единствена авганистанска порно-ѕвезда.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by yasmeena (@yasmeena.eu)

Откако како тинејџерка побегнала од семејството, се омажила за еврејски фотогграф и влегла во бизнисот со филмови за возрасни. Тоа толку го потресло семејството што татко и со нејзин роднина планирал да ја убијат. Платен убиец тоа требало да го направи за 70.000 долари, но полицијата на време ја открила целата операција, па татко и и роднината завршиле во затвор.

– Воопшто немам контакт со семејството, никогаш не ми рекле што мислат за мојата кариера. Единствено што се сеќавам е дека ми вградија страв. Сега сум слободна и работам со своето тело што сакам – раскажа Авганистанката која се изненади колку добро се жените платени во порно-индустријата.

– Во многу професии, жените, иако се поквалификувани, се исто или помалку платени од мажите. Овде е различно, жените се добро платени – рече таа.

Пораснала под строг талибански режим, но Јасмеена смета дека токму сексуално репресивните општества се опседнати со порно-содржино. Додаде дека најголемиот дел од прегледите на нејзините снимки се од Блискиот исток и од Индија.

– Тоа е лицемерно, талибанците имаат строги правила, а не би се изненадила да ме гледаат. Во исто време им ги ускратуваат правата на жените. И на компјутерот на Осама бин Ладен се пронајдени порнографски снимки – додаде Али.

Таа следи што се случува во нејзината татковина.

– Луѓето ги тепаат затоа што не сакаат да се покорат на правилата. Расте семејното насилство, а мажите кои се геј се плашат тоа да го покажат оти ќе ги убијат. Знам дека сум им на радарот, но не им се плашам. Мислат дека се сопственици на моето тело и дека ќе ми кажуваат што да правам со него. Долго ми требаше да се ослободам од срамо кој го чувствував кога фантазирав за она што ми беше забрането – истакна Али.

Извор: 24sata.hr

фото: npnews24.com