Сиромашните семејства и голем број на студенти во Германија ќе добијат еднократна помош за високи сметки за парно, одлучи владата во средата. Министерката за домување, Клара Гејвиц, предложи мерка со која ќе бидат опфатени 16 милиони луѓе во 710.000 домаќинства и 485.000 студенти. За оваа субвенција државата ќе одвои 190 милиони евра.
Парите ќе се исплаќаат во лето, кога на граѓаните им стигнуваат пресметките за греење.
Самците ќе добиваат по 135 евра, а домаќинствата со две лица по 175 евра, при што покачувањето за секој дополнителен член се зголемува за 35 евра. Студентите имаат право на парична помош од 115 евра.
Зголемените цени на енергијата се главниот двигател на инфлацијата, која изнесуваше 5 отсто во декември минатата година и 4,9 отсто во јануари 2020 година, според Централното биро за статистика. Во едно неодамнешно истражување, 44 отсто од Германците изјавиле дека нема да можат да го одржат постоечкиот животен стандард поради високите цени.
извор: Index.hr