Копаоник стана место за „позери“ кои живеат за да објават слика на социјалните мрежи – ММС
ММС

Објавено на: 02/2/22 1:54 PM

Копаоник стана место за „позери“ кои живеат за да објават слика на социјалните мрежи

Александар од Рашка, келнер во едно кафулињата во центарот на Копаоник вели дека оваа планина во зима станала идеално место за сите оние „кои живеат да објават фотографија на социјалните мрежи“. Вели дека се помал е бројот на вистински скијачи кои дошле да ја искористат секоја минута од одморот за да скијаат на патеките.

– Голем дел од гостите многу малку скијаат. Тоа се гледа по времето поминато во кафулињата. Вистинските скијачи не чекаат. Ако видат дека е гужва и дека долго се чека за порачка, заминуваат за да скијаат. Се сеќавам дека еден отиде и не ја плати сметката. Дојде после пет дена и ни остави пари. Се извини и рече дека немал време да чека затоа што дошол да скија – рече Александар за порталот Нова.рс

Но, овие гости скијачи се се помалку. Копаоник сега станал место за „позери“.

– Најмногу доаѓаат од Белград, а потоа и од Нови Сад. Нашминкати девојка во скапоцена ски-опрема, да не се лажеме, не се дојдени да скијаат. Но, ние не се жалиме. Затоа што таквите гости остават и бакшиш. Кога би ми оставале по 20 до 50 динари, би можел дневно да земам бакшиш до 3000 динари (1.500 денари) – вели овој млад келнер.

Копаоник оваа зима е омилена дестинација и на македонските туристи, посебно откако бугарските власти за влез во Бугарија почнаа да бараат и задолжителен ПЦР-тест покрај вакциналниот сертификат.

Извор: Nova.rs

фото: Telegraf.rs