(Видео) Џенова му се заблагодари на Гранде Пандев – ММС
ММС

Објавено на: 02/2/22 11:10 AM

(Видео) Џенова му се заблагодари на Гранде Пандев

Со специјално видео од постигнатите голови, Џенова му се заблагодари на најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев за се што направи во дресот на италијанскиот прволигаш.

Горан Пандев  изненадувачки реализираше трансфер од Џенова во Парма каде што ќе ја заврши кариерата на крајот од сезоната.

Во последните шест месеци од кариерата Пандев ќе биде соиграч со Џанлуиџи Буфон кој исто така реши да се врати во својот прв клуб. Овие две легенди сега ќе играат во ист дрес, а ќе останат запаметени нивните дуели од пред една деценија, Пандев во дресот на Лацио и Интер, а Буфон во дресот на Јувентус, кога струмичанецот му беше ноќна мора на најдобриот голман на сите времиња.