(Видео) „Прво да се расчисти порно скандалот, па да разговараме за упис во училиштето“ – Секс снимки доведоа до раб на инцидент во Советот на Кочани – ММС
ММС

Објавено на: 02/2/22 11:08 AM

(Видео) „Прво да се расчисти порно скандалот, па да разговараме за упис во училиштето“ – Секс снимки доведоа до раб на инцидент во Советот на Кочани

„Прво да се расчисти порно скандалот, па потоа да разговараме за уписи во училиштето. Нарушен е интегритетот на училиштето. Тоа е проблем. Дали ги штитите порно глумците? – праша од говорницата на Советот на Општината Кочани, Венко Крстевски.

На седницата се разгледуваше точката за уписи во СОУ „Гошо Викентиев“, кога независниот советник излезе со став за угледот на училиштето, кога таму, како што рече „во тие простории беа снимени експлицитни материјали што се шират низ цела држава“.
-Дали вие како родител вашето дете би го запишале во такво училиште и да му предава таков професор?, праша Крстевски.
-Претседателе, прекинете го!, довикна еден од советниците.
Реагираше претседателот на Советот, Лазо Митев, кој се обрати со Крстевски.
-Најискрено ве замолувам, бидејќи не е точка на дневен ред. Станува збор за предлог план за запишување на ученици во прва година. Ве замолувам да поставите советничко прашање, сугерираше Митев.
Крстевски се обиде повторно да објасни, барајќи одговорност од претходниот директор и тие лица да се санкционираат, бидејќи како што рече е „за осуда и срам за училиштето“.
Повторно се вмеша советниците, кога некој довикна дека го одбрани дневниот ред и рече – „Доста Паљачовци на говорница“. Крстевски се пожали на цензура, кога негов колега советник повика:
-Донесете му болничко комбе!
Седницата потоа продолжи со усвојување на уште една точка и беше прекината и закажана за петок (06.02.2022), бидејќи како што образложи претседателот на Советот, координаторите на советничките групи немале договор за следните точки од дневниот ред.
Советникот Венко Крстевски зборуваше за случај од минатата години, кога во јавноста беше споделен недоличен видео материјал со вработени во училиштето.

Погледнете ја дискусијата на следниот линк:


(од 05.52 – 11.50)

видео: ФБ на Општина Кочани