Со црна фантомка на лице и женски хулахопки на рацете ограбил продавница во Негорци – ММС
ММС

Објавено на: 02/2/22 10:19 AM

Со црна фантомка на лице и женски хулахопки на рацете ограбил продавница во Негорци

Рабојник успел да ограби продавница во селото Негорци. Се маскирал со црна фантомка на лицете и женски хулахопки на рацете и со нож и се заканил на вработената. Успеал од касата да одземе 15.900 денари. Полицијата го фатила а судот му определил притвор во траење од 30 дена.

„Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво според член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 29.12.2021 година, осомничениот се маскирал со црна фантомка на лицето и со женски хулахопки на рацете и влегол во продавница на правното лице „Дием Груп“ во селото Негорци. Со употреба на сила, вперувајќи нож кон вработената која седела на пултот за наплата, тој без збор ја отворил касата и одзел 15.900 денари во различни апоени, “ информираат од Ј.О

Надлежниот јавен обвинител проценил  дека во конкретниот случај постои опасност осомничениот да се даде во бегство, да го повтори делото или да влијае врз сведоците/оштетените, па до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​​