Времето ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди, а на некои места ќе провејува снег. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди и умерен ветер. Температурата ќе достигне до 4 степени.
В четврток ќе преовладува променливо облачно и студено време со слаб локален снег и ќе дува засилен северен ветер. Од петок времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.
Од 7:10 часот е укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец Охрид-Битола и обратно преку планинскиот превој „Ѓавато“, информира АМСМ.
Од 7:30 часот е укината забраната за тешки товарни возила кај Мавровска крстосница и обратно преку планинскиот превој.
Најниска температура во земјава изутринава е измерена на Попова Шапка, -11, во Маврово – 6, во Крушево – 5, во Берово – 3, Дебар -2, а максимални четири степени се измерени во Гевгелија, соопшти УХМР.
Во Маврови Анови наврна најмногу снег – 52 сантиметри, на Попова Шапка снежната покривка е 38, Пожаране – 32, во Крушево 30 сантиметри.
Најмногу дожд, пак, во изминатите 24 часа наврна во Пожаране и Маврово 23 литри на метар квадратен, потоа во Крушево 20, Демир Капија 16, Струмица и Дебар 13, Скопје – Петровец 12, Тетово и Битола 11, а најмалку во Виница три литри.