Калугерките не се робови, рече Папата и ги повика неправедно искористуваните калуѓерки да се борат – ММС
ММС

Објавено на: 02/2/22 8:24 AM

Калугерките не се робови, рече Папата и ги повика неправедно искористуваните калуѓерки да се борат

Папата Франциск вчера ги повика калуѓерките да се борат доколку со нив „неправедно се постапува, дури и во рамките на Црквата“, признавајќи дека нивната служба понекогаш се „сведува на ропство“.

-Ги повикувам да се борат кога, понекогаш, кон нив неправедно се постапува. Дури и внатре во Црквата, кога нивната служба, толку благородна, е сведена на ропство. Понекогаш за тоа се одговорни луѓето од Црквата, рече Светиот Отец во видео пораката објавено вчера за да ги претстави неговите февруарски молитвени намери посветени на калуѓерките и жените посветени од Бога.

„Нека не се обесхрабруваат“, додаде 85-годишниот папа, кој постојано го осудува „насилството и ропскиот однос кон жените“.

Прашањето за калуѓерките кои ги извршуваат домашните работи во служба на машката црковна хиерархија, особено на кардиналите и членовите на Куријата, веќе беше во центарот на јавниот интерес.

-Овие жени работат како слугинки за свештеници, бискупи и кардинали, каде готват, чистат, перат облека, и се многу слабо платени, изјави Луцета Скарафија, историчар, коментатор и поранешен директор на списанието „Жена, црква, свет.

„Тоа во црквата се смета за нормално: жените мора да служат без да бараат ништо за возврат“, додаде Скарафија, авторка на книгата „Феминисткиња и христијанка“. „Тие се научени да бидат почестени со тоа што им служат на свештениците. Тоа е начин на размислување“, додаде таа.

МИА