На неговата сметка има стотици милиони евра, но Кристијано Роналдо (36) како дете бил многу далеку од тоа. Сега ги учи децата дека не можат да добијат се што сакаат и кога сакаат, бидејќи има нешто многу повредно
Еден ден ме замоли да му купам ајфон, за да може да ми се јави, но јас реков дека не може. Ако сака да ми се јави, нека го направи тоа преку баба му, рече Кристијано Роналдо (36) и објасни како го воспитува Кристијано Роналдо Јуниор (11).
Иако синот на Португалецот наскоро ќе наполни 12 години, неговиот татко сепак не дозволува некои работи. Денес е „нормално“ децата да користат паметни телефони во пониските одделенија од основното училиште, но Кристијано не сака неговото дете да ја „искористува“ нивната финансиска состојба.
Роналдо израснал во сиромаштија, во многу случаи немал што да јаде, додека неговите деца растат во апсолутно спротивна средина. Но, тој сака да ги воспита во добри луѓе пред се.
Сакам да му кажам дека не може само да добие се што ќе посака“. Најдоброто нешто што може да го добие е образованието – јасен е Кристијано.
Јуниор сега е на Академијата на Манчестер Јунајтед, откако претходно помина две години во младинската школа на Јувентус. Роден е во САД, израснал во Шпанија, а сепак по татко е Португалец. Неговото име носи многу „бреме“ барем во фудбалскиот свет, а ќе биде интересно да се види дали ќе стане успешен како татко и ќе научи од многу лекции.
Извор: 24сата.хр