Викторија Бекам 25 години јаде иста храна секој ден – Што велат нутриционистите за тоа? – ММС
ММС

Објавено на: 02/1/22 7:20 PM

Викторија Бекам 25 години јаде иста храна секој ден – Што велат нутриционистите за тоа?

Иако секојдневно слушаме совети дека исхраната треба да биде разновидна, Викторија Бекам (47) очигледно не ги прифаќа. Модниот дизајнер и сопруга на Дејвид Бекам јаде иста храна веќе 25 години.

Ова го откри познатиот фудбалер кој се пошегува на сметка на својата сопруга.

– За жал, оженет сум со некој кој јаде иста храна секој ден. Ова трае веќе 25 години. Од кога ја запознав, јаде само риба на скара и зеленчук на пареа. Таа ретко отстапува од тоа, изјави Бекам за подкастот „River Cafe Table 4“.

Според нејзиниот сопруг, Викторија го променила менито дури кога била бремена со четвртото дете, ќерката Харпер (10).

Поранешна членка на групата „Spice Girls“ неодамна откри дека не јаде храна зготвена во масло, путер, сосови… Не јаде црвено месо, ниту млечни производи.

– За повеќето ресторани јас сум најлошиот кошмар. Сакам малку зеленчук на пареа, малку оцет балсамико и прстофат зачини. Сакам храната да се подготвува на едноставен начин – изјавила таа.

Викторија исто така ги откри и ги згрози фановите откривајќи дека сака тост направен од цели зрна со сол.

Истражувањата и нутриционистите велат дека јадењето иста храна секој ден може да ви помогне да изгубите тежина. Имено, кога јадете иста храна секој ден, имате подобра контрола врз она што го внесувате во организмот и така можете да избегнете нагли скокови на шеќерот и мастите во крвта. А тоа може да доведе до намален внес на калории и губење на тежината.

Извор: Стил.курир.рс