Аселборн: На референдумот ќе одлучите дали ќе останете во минатото или ќе изберете иднина – ММС
ММС

Објавено на: 09/6/18 5:45 PM

Аселборн: На референдумот ќе одлучите дали ќе останете во минатото или ќе изберете иднина

Ве чекаме во Европската унија и НАТО – оваа порака до македонските граѓани денеска ја испрати министерот за надворешни работи на Големото Војводство на Луксембург, Жан Аселборн кој во пресрет на референдумот, денеска имаше средби во државниот врв во земјава.

Оцени дека референдумот е одлучувачки за иднината на земјава и порача дека излезноста на истиот ќе биде од голем интерес и за Македонија и за Унијата.

На новинарско прашање што доколку Луксембург би се нашол во ситуацијата на Македонија, за да го промени името, тој рече дека  прашањето е сложено. Аселборн додаде дека не станува збор за името, туку за идентитетот на државата и на народот, а некогаш за да се пронајде решение, потенцираше тој, патот е долг, но резултатот сега е веќе на масата. И кога јас би бил Македонец, би одговорил „да“ на ваквото решение – рече Аселборн кој се сретна со неговио колега, Никола Димитров. Шефот на македонската дипломатија, нагласи дека Аселборн лично се заложил кај Советот на министрите на ЕУ, Македонија да добие датум за  за преговори во јуни 2019.

На денешната средба во македонското МНР, двајцата колеги потпишаа  Спогодба за размена и взаемна заштита на класифицирани информации помеѓу Македонија и Луксембург.

Покрај со Димитров, Аселборн денеска се сретна и со премиерот Заев, како и со вицепремиерот, Бујар Османи.