Полицијата и дрвокрадците во акција, во пехчевско „Омране“запленет полн трактор и уште 35 к/м бесправно исечени дрва – ММС
ММС

Објавено на: 02/1/22 2:44 PM

Полицијата и дрвокрадците во акција, во пехчевско „Омране“запленет полн трактор и уште 35 к/м бесправно исечени дрва

Изминатите два дена во полициски акции, откриени се дрвокрадци во пехчевско „Омране“. Во едната акција запленет е трактор натоварен со бесправно исечени огревни дрва, следниот ден на истата локација пронајдени се и одземени 35 кубни метри огревно дрво, информираат од Полицијата.

„На 30.01.2022 во 14.40 часот на место викано ,,Ормане“, атар Пехчево, од страна на полициски службеници од ОВР Берово од Г.Р.(31) од с.Умлена, пехчевско, бил одземен трактор натоварен со бесправно исечени дрва. Дрвата биле предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка. Следниот ден речиси во истото време,  во 14.32 часот на истата локација, од страна на полициски службеници од ОВР Берово, по преземени мерки за откривање на нелегална сеча на дрва, пронајдени и одземени се нелегално исечени дрва од околу 35 кубни метри, “ пишува во Полицискиот билтен.

Дрвата биле предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка.