Австриските претприемачи се борат со недостигот на работници, а 83 отсто од нив го сметаат недостигот на квалификувана работна сила како најголема опасност за опстанокот на компанијата, се вели во студија објавена во Виена.
„Проблемот со недостиг на работна сила се влоши за време на пандемијата“, рече Ерих Ленер од EY Остерих, кој спроведе истражување на повеќе од 600 австриски компании.
Студијата заклучува дека сите австриски сојузни држави се погодени од мал број на вработени и дека недостигот на работна сила го попречува закрепнувањето од економскиот пад за време на пандемијата.
Анкетираните претприемачи за студијата, се жалат на тешкотии кога станува збор за наоѓање квалификувани работници. Само два отсто од испитаниците изјавиле дека „немаат проблеми“ во пополнувањето на слободните работни места за квалификувани лица. Дури 83 отсто рекле дека се соочуваат со „големи тешкотии“ во пронаоѓањето на стручни кадри. Тие најтешко се наоѓаат во туризмот, логистиката, градежништвото и енергетскиот сектор.
Откако средните компании беа најзагрижени за неизвесноста на пандемијата во претходните истражувања, последното истражување, спроведено во декември, го наведува недостигот на работна сила како најголем проблем.
„Со оглед на демографските трендови, обезбедувањето квалификувана работна сила е еден од најголемите предизвици во наредните децении, како за политиката, така и за економијата и науката“, рече Ленер.
иzвор: Rs.N1.Info