Два британски универзитети спроведоа истражување за младите Британци и нивните навики за мастурбација за време на карантинот. Резултатите, кои покажуваат пораст на оваа активност, воопшто не изненадуваат.
Новата студија за мастурбацијата меѓу населението на возраст од 18 до 32 години за време на карантинот, спроведено заеднички од универзитетите во Борнемаут и Роехемптон на 565 лица, покажа дека младите Британци имаат 25 отсто поголеми шанси да „уживаат“ во порнографија и да мастурбираат отколку пред пандемијата, пренесува Дејли Мирор.
Пред почетокот на „кризата со короната“, мажите од оваа возрасна група мастурбирале во просек три пати неделно, додека кај жените таа бројка била еднаш неделно, според нивното истражување. Но, со доаѓањето на короната се се смени. Како што Британците имаа некои од најстрогите „анти-корона“ мерки во светот, така повеќето од нив беа принудени да поминуваат цели денови во своите домови, што предизвикуваше досада, што доведе до мастурбација.
Досадата наведе 38 отсто од испитаниците како главна причина за почеста мастурбација. 24 проценти од нив го навеле вишокот слободно време како причина, а само 14 проценти го навеле „недостигот од секс“ како главен мотив.
Карантинот и мастурбацијата
Иако за време на првиот карнатин, уште во пролетта 2020 година, се очекуваше да има „бејби бум“ на Островот, тоа не се случи. А кога ќе ги видиме резултатите од истражувањето, до некаде ни е јасно зошто. Дополнително, има огромен пораст на разводи, при што некои адвокатски канцеларии објавија дека дури и не можат да ги „земат“ сите потенцијални клиенти.
Покрај зголемувањето на мастурбацијата за 25 отсто, се бараат и секс играчки, а продажбата порасна за околу 10 отсто.
Меѓу оние кои признале дека повеќе мастурбирале се околу 65 отсто од мажите, додека останатите отпаѓаат на понежниот пол. Неодамна објавените резултати од друга студија, една за поврзаноста помеѓу болеста на простатата и мастурбацијата и сексот, покажаа дека оние мажи кои ејакулираат 20 пати месечно имаат 30 отсто помали шанси да развијат рак на простата.
Преземено од: https://www.24sata.hr/
Кои беа советите кај нас прочитајте на следниот линк.