Надлежните институции очекуваме да реагираат на ова скандалозно однесување на Христијан Мицкоски, вели Богданка Кузеска, портпаролот на СДСМ за видеата од социјалните мрежи, каде тој е на прослава во верски објект со многу луѓе без маска.
-Се гоштева Мицкоски во кафанска атмосфера, збиено седнат во тесна просторија. ВМРО наутро бара онлајн настава, а тој попладне крши протоколи. Едно зборува, друго прави на штета на граѓаните. Дали е нормално и етички некој во верски објект да се однесува како да е кафана е едно прашање, но кршењето на протоколите повлекува одговорност и очекуваме надлежнте институции да реагираат. Ова е вистинското, лицемерно и неискрено лице на Христијан Мицкоски кој од почеток на глобалната пандемија се однесува вака, неодговорно и срамно. Мицкоски го поткопуваше процесот на вакцинација и се криеше по кафеани кога беше фатен дека ги прекршува протоколите, рече меѓу другото Кузеска.
–