Хана ќе се омажи за Грашо во фустан од бренд на кој Даниела Мартиновиќ е заштитно лице – ММС
ММС

Објавено на: 02/1/22 12:46 PM

Хана ќе се омажи за Грашо во фустан од бренд на кој Даниела Мартиновиќ е заштитно лице

Хана Хуљиќ ќе се омажи за Петар Грашо во венчаница од сплитскиот бренд Арилео, чие заштитно лице е Данијела Мартиновиќ.
Моментално најпопуларниот пар на локалната сцена пред олтарот ќе застане на 19 февруари во кругот на најтесното семејство, но планираат и уште една свадбена веселба во текот на летото, откако ќе станат родители.
Познато е и дека кума на Хана ќе и биде најдобрата пријателка и колешка Доменика Жувела, а познато е и чија венчаница ќе носи идната невеста.

Хана ќе се мажи во креација на сплитскиот моден бренд Арилео, чие долгогодишно лице е Данијела Мартиновиќ, пишува 24 сата. Бившата и сегашната на Грашо се чини дека имаат повеќе заедничко отколку вкусот за мажи.

Раскинувањето на Грашо и Данијела беше откриено во мај минатата година, а пејачот беше уловен како се шета со Хана во октомври, по што потврдија дека се пар. На почетокот на 2022 година тие објавија и дека го чекаат своето прво дете и открија дека ќе застанат пред олтар, а нивната венчавка многумина однапред ја прогласија за свадба на годината.