Познатиот рапер Кање Вест планира да оди на турнеја во Австралија, а за да може да влезе во државата мора прво да се вакцинира.
Откако медиумите објавија дека пејачот планира да дојде во Австралија во март, премиерот Скот Морисон ја спомена неодамнешната драма низ која помина тенисерот Новак Ѓоковиќ и рече:
– Правилото е дека мора да сте целосно вакцинирани. Тие се однесуваат на сите, она што луѓето го видеа неодамна. Не е важно кој си, тоа се правилата. Следете ги правилата и можете да дојдете. Ако не ги почитувате, не можете“, изјави Морисон на прес-конференција.
Извор: srbijadanas.com