Се трудиме да си правиме ручек и да бидеме нормални, рече Грашо, кој не се лути на медиумите што пишуваат се и сешто за него и Хана – ММС
ММС

Објавено на: 02/1/22 9:26 AM

Се трудиме да си правиме ручек и да бидеме нормални, рече Грашо, кој не се лути на медиумите што пишуваат се и сешто за него и Хана

Синоќа во Загреб се одржа церемонијата на доделување на наградата „Цесарица“, на која нааградата за хит на годината ја доби Петар Грашо за песната „Јел ти река ко“.. Освен за професионалниот живот, тој беше прашан и за приватниот, за приновата, која ја чека со девојка му Хана.

-Секогаш многу молчев, а многу се пишуваше за мене. Ќе останам доследен на тоа. Тотално го почитувам тоа и воопшто не се лутам, а ги разбирам медиумите кои се занимаваат исклучиво со една работа – бројот на кликови на одредена статија. И тоа е нормално за мене, тоа се правилата на игра. Ќе си останам верен засекогаш, а тоа е дека пристојно ќе го чувам приватниот живот, ќе се трудам да не ја замарам публиката со тоа, но подеднакво ќе ги почитувам медиумите и никогаш нема да се расправам со нив бидејќи некои работи им се интересни. . Не можам да кажам дека медиумите во ниту еден момент беа неточни, само поради огромна желба и неинформираност почнаа да ги „џвакаат“ вестите, а потоа во еден момент може  лугето да помислат дека ние тоа го правиме. И навистина си седиме дома и не можеме да прочитаме сè. Се трудиме да се дистанцираме, да си го живееме животот нормално, да си правиме ручеци кога не сме на пат и да бидеме нормални луѓе“, заклучил Грашо за Стори.хр.