Разузнавачите поканети на денешната седница на Советот за безбедност кај Пендаровски – ММС
ММС

Објавено на: 02/1/22 9:19 AM

Разузнавачите поканети на денешната седница на Советот за безбедност кај Пендаровски

Советот за безбедност  се состанува денеска, на седница на која ќе се разговара за актуелната политичка и безбедносна состојба во регионот и пошироко.

На седницата во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, ќе присуствуваат редовните членови на Советот, Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, претседател на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска, министер за одбрана, Бујар Османи, министер за надворешни работи, Ненад Марковиќ, професор на Правниот факултет „Јустинијан I“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Ветон Љатифи, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа и Трајан Гоцевски, поранешен министер за одбрана и универзитетски професор.

Покрај постојаниот состав на Советот за безбедност, на покана на претседателот, на седницата ќе присуствуваат и Еролд Муслиу, директор на Агенцијата за разузнавање, Виктор Димовски, директор на Агенцијата за национална безбедност и генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, началник на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија.