Снег, дожд и ветер- Забрана за камиони на патот Струга – Ќафасан и Маврово – Дебар – ММС
ММС

Објавено на: 02/1/22 8:37 AM

Снег, дожд и ветер- Забрана за камиони на патот Струга – Ќафасан и Маврово – Дебар

Поради обилни врнежи на снег, утрово од 06:20 часот воведена е забрана за движење на товарни моторни возила на патото Маврово – Дебар. Забрана за камиони од 07:45 часот има и на патниот правец Струга-Ќафасан, соопшти АМСМ.
Снег паѓа во западниот дел на државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи претежно од снег. Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови.
Во северните и западните делови се очекува да наврнат од 5 до 10 см снег, а на северозапад и над 15 см нов снег.
Попладне ќе дува умерен ветер од северен правец. Мaксималната температура ќе достигне до 6 степени.
Во Скопје облачно со повремени врнежи од снег. Температура ќе достигне 3 степени.
Од среда следува период на стабилно време, во четврток со засилен северен ветер.