Ја тешела принцезата Дајана со застрашувачка реченица – Грејс Кели како да ја предвидела нивната трагична судбина – ММС
ММС

Објавено на: 01/31/22 10:43 PM

Ја тешела принцезата Дајана со застрашувачка реченица – Грејс Кели како да ја предвидела нивната трагична судбина

Принцезата Грејс од Монако, поранешна холивудска актерка во светот позната како Грејс Кели, и никогаш прежалената принцеза Дијана имаа слични животни приказни: и двете живееја навидум бајки, и двете беа несреќни и загинаа во сообраќајни несреќи.

Сопругата на Рени III од Монако почина во 1982 година, една година откако ја запозна Лејди Ди, која штотуку му кажа „да“ на принцот Чарлс.

Тие две имаа многу повеќе сличности отколку што изгледа на прв поглед.

Прославената Грејс Кели го запознала принцот Рени на Канскиот филмски фестивал во април 1955 година и по една година врска му кажала „да“ откажувајќи се од својата холивудска кариера. Дијана немала светска слава пред да го запознае принцот Чарлс, но работела како дадилка и воспитувачка и се издржувала и била задоволна од својот живот кој ветувал бројни можности. Сепак, Лејди Ди се откажа од се и се приклучи на кралското семејство.

March 30, 1955, New York, New York, USA: Actor BOB HOPE kissing actress GRACE KELLY holding oscar statuette at the 27th Academy Awards. Kelly won Best Actress for her performance in ‘The Country Girl’. Bob Hope was host of the Oscars 1955.,Image: 656954649, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Pictured: Hope Bob Kelly Grace, Credit line: Globe Photos / Zuma Press / Profimedia

И двете принцези беа посветени на хуманитарна работа и познати по својата работа: Грејс беше покровител на Црвениот крст во Монако и беше посветена на благосостојбата на децата, како и Дијана, која учествуваше во многу организации и се фокусираше главно на децата и заразените со ХИВ.

И Грејс и Дијана се соочија со неверствата на своите сопрузи, па и двете страдаа во тишина, скриени зад скапите фустани и бесценетите дијаманти.

Двете можеби најпознати и најсакани принцези на 20 век се сретнаа на рецитал, во познатата сала Голдсмитс во 1981 година, а фотографиите од нивната средба го обиколија светот.

Една од најпознатите холивудски диви застана до младата, неискусна и се уште збунета млада принцеза Дијана, која години подоцна јавно се присети на нивниот разговор. Во познатите снимки што Лејди Ди ги направи за Ендру Мортон и нејзината биографија „Дијана: Нејзината вистинска приказна – според нејзините зборови“, таа ја раскажуваше оваа средба.

– Се сеќавам дека ја запознав принцезата Грејс и колку беше убава и мирна. Но, под тоа имаше вознемиреност, ја видов – изјавила Дијана.

DIANA, PRINCESS OF WALES
smiling, royal, choker necklace, emeralds, dead, deceased
www.capitalpictures.com
sales@capitalpictures.com
? Capital Pictures,Image: 21165283, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Hugh Thompson / Capital pictures / Profimedia

Грејс, која тогаш имала 52 години и била искусна во вештачки насмевки на свечените настани, забележала колку е непријатно на младата принцеза. Ја покани во тоалет на разговор, а Дијана потоа ѝ се довери за нејзините грижи и стравови, на што Грејс нежно ја потапкала по образот и ѝ рече:

– Не се грижи. Само ќе биде влоши.

Следната година, светот беше шокиран од веста дека Грејс Кели починала откако нејзиниот автомобил излетал од карпата на кривулест пат и паднал 120 метри по падината. Судбината сакаше Дијана да настрада по сообраќајна несреќа – на крајот на август 1997 година, доживеа несреќа во тунел во Париз, по што беше неуспешно оперирана и набрзо беше прогласена за мртва.

Извор: Магазин.новости.рс

Фото: Профимедиа