Композиторот, текстописец и гитарист на „Парни ваљак“ Хусеин Хасанефендиќ Хус, кој ја основа групата пред 47 години со Аки Рахимовски, на прашањето на хрватските новинари дали некој ќе го замени покојниот пејач, бидејќи „Ваљак“ планираше турнеја напролет, тој рекол:
– Дефинитивно ќе одржиме трибјут концерт, тоа мораме да го направиме поради Аки. А што ќе биде понатаму, не знам. Бендот ќе опстане како формација, живееме за да свириме, но сигурно нема да го менуваме Аки. Тој е незаменлив.
Можеби во одреден момент ќе свириме концерти со некој пејач кој ќе гостува. Не знам, не размислувам за тоа, рекол тој.
Извор: Новости.рс