Стефан Ефремов ученик во средното електро-машинско училиште СОУ „Коле Нехтенин“-Штип го освои третото место на натпреварот по микрокомпјутерски системи на Факултетот за информатика во Скопје.
Ефремов на денешната прес-конференција информира дека учествувал на натпреварот со 60 студентите од факултетите за информатика.
– Мојот труд беше да се испрограмира хардвер, што заедно со студентка од факултетот успеавме да го програмираме и да го освоиме третото место, рече Ефремов.
Тој е четврта година и како што вели за него оваа награда значи и голема иднина, а е и голем успех на училиштето во кое ги стекнал знаењета.
Директорот на СОУ “Коле Нехтенин“-Штип, Дејан Павлов истакна дека и во иднина ќе ги поддржуваат своите ученици да учествуваат на вакви натревари.
– Со оглед на тоа дека добиената награда е во голема конкуренција, пред се во конкуренција на студенти, ова за нашето училиште е еден голем успех и ги повикувам сите идни ученици во ова училиште да учат, да постигнуваат резултати и да нашето училиште го добие и приматот на она што го заслужува дека е водечко техничко училиште во регионот, вели Павлов.
Според него ваквите натпревари покажуваат и какво знаење им даваат наставниците од електро-машинската струга на средношколците.