И во време на пикот на Омикрон сојот, учесниците на шестата седница на советот на Општина Тетово мораше да се предупредат, за да стават маски за заштита од вирусот.
Доктор Ратко Давидовски, воедно и член на советот ги замоли своите колеги и останатите присутни да се придржуваат до мерките.
-Ве молам сите да ставиме маски, а додека се одвива седницата да имаме почесто паузи, со цел да се заштитиме од вирусот, оти состојбата е аларманта ,рече доктор Давидовски.
По апелот, сите присутни имаа заштитна маска на лицето.
Доктор Давидовски, вработен во Центарот за јавно здравје Тетово, смета дека не треба да започне второто полугодие за сите ученици, оти тоа би било особено ризично за просветните работници. Се вели дека се намалуваат бројките на заразени, но тоа се должи на се помалку тестирања, кои се заведуваат во здравствениот систем, додаде тој.
-Се намалува бројката во смисол на тоа дека не се вршат доволен број тестирања, затоа што има недостиг на реагенси за вршење на тестови, па се снаоѓа кој како знае. Направите една обична анкета по аптеки и прашајте колку брзи антигенски тестови се купуваат и се јасно ќе ви стане .Значи бројот на антигенски тестови е голем, народот се тестира дома и се лечи преку интернет. Затоа не се сложувам да започне наставата со физичко присуство. Опасноста е поголема по просветните работници. Гледаме дека децата поминуваат со лесна клиничка слика, умерено лесна или средна, не сме виделе со тешка клиничка слика. Но, навистина се плашам кај повозрасните кај наставниците, што ќе се случи. Не се сложувам дека имаме прв , втор, трет, четврт бран, ова е константен бран со различни пикови, но сега со почеток на второто полугодие навистина ќе биде сложено, рече доктор Давидовски.
Од Секторот за образоване при Општина Тетово, велат дека се подготвени да ја започнат школската година со физичко присуство. Каква е здравствената сосотјба на просветните работници и на учениците ќе дознаат утре.
-Сите училишта се подготвени да започне второто полугодие со физичко присуство, ние сме во коориднација со директорите на основните и средните училишта. Наша препорака е да се почитуваат сите препораки , веруваме дека утре ќе започне второто полугодие. Каква е здравствената состојба на персоналот во училиштата и на децата ќе се дознае утре, кога ќе почнат да одат на работа, сите беа на колективен одмор. Значи утре ќе дознаеме коi деца, а коi просветни работници имаат ковид 19 и кои се во изолација.Верувам дека ќе има нормална учебна година, рече Назми Даути раководител на Сектор за јавни дејности при Општина Тетово.
Инаку на седниците, но и на други настани во Општина Тетово, повеќе од половина од учесниците не носат заштитни маски. Денеска по советот од здравствен работник целосно беше испочитувана мерката.
Фото и текст: Зоран Димовски