Може да остане така уште 100 години или да падне-Ангелов за опасната карпа на Матка – ММС
ММС

Објавено на: 01/31/22 3:36 PM

Може да остане така уште 100 години или да падне-Ангелов за опасната карпа на Матка

„Прогнозата кога би се случил тој одрон е исто така тешка, како да се предвиди земјотрес. Оваа карпа може да остане во ваква состојба уште 100 години, но поголема е веројатноста да падне во следниот период“, изјави денеска директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, за карпата над браната Матка, тешка околу 20 тони, за која постои опасност од одронување.
Тој им препорача на планинарите и алпинистите да го избегнуваат тој терен, а можно е да биде донесена и забрана за движење во тој дел.
Споиред Комисијата за брани, исто така е невозможно да се предвиди кога би се случил тој одрон и потребно е да се извршат анализи на стабилноста и за траекториите.
– Овој блок на карпа кој тежи околу 20 тони, лежи врз друг блок. Се поставува прашањето, дали при неговото одронување, односно лизгање, би паднал само тој или заедно со него би паднал и дел од подлогата, што може повеќекратно да ја зголеми тежината и волуменот на карпата. Затоа е потребно да се направат анализи, кои редовно се практикуваат од Катедрата за геотехника на Градежниот факултет“, рече Ангелов.