Не е време за молење-им порача министерот Сали на експертите Даниловски, Пановски и Марковски – ММС
ММС

Објавено на: 01/31/22 2:26 PM

Не е време за молење-им порача министерот Сали на експертите Даниловски, Пановски и Марковски

Министерот за здравство, Беким Сали, по денешната посета на Клиниката за детски болести, одговори во врска со неговата покана преку Фејсбук до професорите Никола Пановски, Вело Марковски и Драган Даниловски, да бидат дел од ескпертите во Комисијата за заразни болести, што тие одбија со објаснување дека не прифаќаат покани по фејсбук.

„Не е период на молење. Во време на пандемија, кога се бориме со вирусот, не треба да се занимаваме со начинот на кој дошла поканата, туку да се приклучиме и да дадеме придонес за постигнување, ако не на постојано, барем на привремено решение. Треба да пристапиме позитивно кон поканата и да одговориме, односно да бидеме членови на Комисија или работни групи каде што се судираат  или пак се дикутираат аргументи за решенија“, изјави Сали, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој рече дека засега нема потреба од нови рестриктивни мерки против ковид-19, затоа што има благо намалување на бројот на новоинфицирани.

„Веќе десет дена има благо зголемување на хоспитализирани, во тек сме со состојбата, ја контролираме, има доволно капацитети на кревети и на кадар. Ни останува само да чекаме да се намалува бројот“, рече Сали и додаде дека во моменѕов не се планира укинување на ковид сертификатите.
Според епидемиолошката состојба, министерот посочи дека во државата има многу мал број вакцинирани, а се уште продолжува пикот на четвртиот бран, поради што не може да се зборува за намалување на рестриктивните мерки.

М.Т.