На Европското првенство Кристијан Ериксен го шокираше светот. Среде натпревар му застана срцето и колабираше на теренот. За среќка, благодарение на брзата реакција на лекарите и укажаната помош тој преживеа, но мораше да му вградата дефибрилатор кој значеше дека најверојатно ќе ја заврши кариерата.
Но, Данецот тоа не го сакаше, одби да се предаде и да ги закачи копачките на клин, па почна да тренира за да се врати посилен.
Брентфорд, клуб од Премиерлигата ја потврди веста дека Кристијан Ериксен до крајот на сезоната ќе го носи дресот на овој клуб.
– Едвај чекам повторно да работам со него, помина доста време откако последен пат го тренирав, доста работи се случија од тогаш. Добивме неверојатна шанса да донесеме играч од светска класа и ја искористивме. Тој е физички подготвен, но ну недостасуваат натпревари и ние ќе направиме се за да му помогнеме да се врати на врвно ниво – изјави Томас Франк кој работеше со Ериксен во младите селекции на Данска, а сега е тренер на Брентфорд.
Извор: Mondo.rs