Во Тетово нема спас од кучињата скитници – ММС
ММС

Објавено на: 09/6/18 11:37 AM

Во Тетово нема спас од кучињата скитници

Во Тетово нема спас од кучињата скитници. Слободно низ чопор се движат по улиците и тротоарите, каде ги напаѓаат граѓаните. Од Општина Тетово засега само ветуваат дека ќе го решат проблемот.
Чопор кучиња како слободно се движат и ги напаѓаат граѓаните во последно време стана вообичаена слика низ Тетово. Овие бездомни животни во потрага по храна ги има претежно во централното градско подрачје, каде фрекфренцијата на луѓе е најголема, кои се честа мета на кучињата. При нападите луѓето завршуваат во болница, а третманот не лекување е долг скап, раскажуваат граѓаните.
Затекнавме и жител на Хрватска, кој дошол да го посети семејството. Вели дека е изненаден од сликата во градот.
Меѓу бројните ветувања на локалните власти дека ќе се реши проблемот со кучињата скитници, е и најавата за основање на регионален центар за третман на кучиња скитници на ниво на полошкиот регион. На последната седницата на Центарот за развој на полошкиот плански регион градоначалничката на Тетово Теута Арифи, која воедно е и претседател на Центарот за развој на полошкиот плански регион истакнала дека ќе бидат преземени конкретни чекори и ќе се обезбеди финансиска и техничка поддршка од страна на меѓународната организација УНДП, каде ќе биде изработена техничка документација за основање на Регионалниот центар за третман на кучињата скитници, како и обезбедување на модерно возило за фаќање на кучињата скитници.