Деца не смеат да влезат во шпански хотели, гостите сакале мир – ММС
ММС

Објавено на: 01/31/22 10:54 AM

Деца не смеат да влезат во шпански хотели, гостите сакале мир

Во Шпанија има се поголем број на хотели кои забрануваат влез на деца, за да им овозможат мир и тишина на своите гости. Но, некои родители и адвокати сметаат дека оваа одлука е неправедна.
Хотелот Нептуно на Канарскиот остров Гран Канарија беше еден од првите во Шпанија со натпис „Само за возрасни“. На гостите им ветува молк во собите и маси во рестораните каде што нема семејства.
„Ваквите хотели растат како сапунски опери“, вели хотелскиот менаџер Армандо Ромеро. „Сега недостигаат хотели кои дозволуваат влез на децата“, шеговито додава тој.

На овој растечки тренд укажува и веб-страницата Adults Only Holidays, која нуди стотици сместувачки капацитети речиси ширум светот каде што можете да уживате во „пријатни одмори без деца“. Поради тоа, некои родители се нашле во ситуација да им биде забранет влез кога се појавиле на врата со своите деца. Ваквите случаи биле пријавени во Здружението за заштита на потрошувачи FACUA, од каде се побарало да се истражи, дали е можно да започнат тужбена постапка.

„Добивме голем број поплаки, повеќе отколку што би сакале“, изјави за шпанските медиуми Мигел Анхел Серано, потпретседател на ова Здружение. Психологот Вероника Перез тврди дека се работи за фобија од деца. „Не се исклучени децата затоа што местото е опасно или несоодветно за нивната возраст, туку затоа што нивното присуство пречи, лути и предизвикува непријатност“, вели тој. „Ако, на пример, некој не се пушта во хотеј поради бојата на кожата, тоа би го сметале за отстапување од нормалното однесување“, додаде тој.

извор: Б92.net