Тест: Колку сте романтични-дали ви е поважна љубовта или парите? – ММС
ММС

Објавено на: 01/31/22 10:32 AM

Тест: Колку сте романтични-дали ви е поважна љубовта или парите?

Ако сакате малку да се забавувате, направете краток психо тест. Одговорете на пет прашања и уверете се дали сте навистина романтични колку што мислите.
1. Партнерот ви предлага да одите во блискиот локален ресторан за Денот на вљубените. Вие…
А) сте среќни – важно е да сте заедно! Б)… прифаќате, иако сметавте на попрестижен ресторан В)… се чудите: зошто воопшто да одите некаде кога е секогаш поубаво дома?
2. Каква ќе биде вашата свадба?
А) Како во бајка: балски фустан и превез со дијадема, кочии, ливчиња од роза, многу гости… Б) Мала прослава за најблиските: планирате да ги потрошите парите на меден месец В) Само ќе одите пред матичарот и тоа е тоа. Не треба никаква помпа
3. Каде би сакале да одите на меден месец?
А) До најромантичниот град на светот – Париз Б) До некој егзотичен остров, до луксузна куќичка на вода В) Повеќе би сакала да не трошам пари, но ако мојот партнер инсистира, тогаш некаде во близина или кампување
4. Кој подарок го сметате за најромантичен?
А) букет од 101 роза Б) дијамантски прстен В) нешто практично што може да се користи долго време – по можност домашен апарат
5. Како сакате да се опуштите после работа?
А) Со саканата личност на романтично поставена маса и чаша вино Б) Во тивко и пријатно кафуле во кое се служи вашиот омилен коктел В) Гледање омилени филмови или серии – во удобни пижами

Решенија:
Повеќе одговори под А
Романса е вашето средно име. Можете да го претворите и најобичниот појадок или вечера во романтичен момент со цвеќиња, миризливи свеќи… Сакате да уживате и да бидете задоволни. Потајно сонувате да сте принцеза и би сакале таков третман. Но внимавајте, животот не е бајка.
Повеќе одговори под Б
Тоа не значи дека романтизмот не е за вас, туку на него гедате преку финансиите. Затоа е добро што овие две позиции се поклопуваат. Во спротивно, ќе ја изберете користа – морална или материјална, а не талкање во облаци. Внимавајте да не станете суров материјалист, не е се во парите.
Повеќе одговори под В
Вие сте целосно неромантична личност – романтиката се заменува со практичност. Не обрнувате многу внимание на ситниците, тие се непотребно губење време и пари. Претпочитате конкретни работи, без разлика дали тоа е корисен подарок или вечера во запуштен ресторан со одлична храна.

извор: espreso.co.rs