Лук, ѓумбир, мед и лимон-витаминска бомба против настинки – ММС
ММС

Објавено на: 01/31/22 9:54 AM

Лук, ѓумбир, мед и лимон-витаминска бомба против настинки

Во борбата против вирусите, настинките и грипот, главни природни состојки секако се лимонот, медот, ѓумбирот и лукот, а кога ќе ги измешате овие моќни природни состојки полни со витамини, ќе добиете ефикасен лек кој може да помогне во ублажување на непријатните симптоми на настинки.

Многумина оваа мешавина ја нарекуваат природна бомба за имунитет, а можете да ја користите и превентивно за зајакнување на имунолошкиот систем и заштита на организмот.

Идеален е за студени денови и вируси и сезони на грип. Лукот е природен антибиотик, лимонот е полн со витамин Ц, а ѓумбирот и медот се природни антиоксиданси.

Еве како да направите стар и докажан лек од овие намирници:

Состојки: 6 чешниња лук, 2 лимона, 200 гр ѓумбир, 300 гр мед

Подготовка: Излупете го лимонот и исцедете го сокот. Другиот лимон исечете го на ситни коцки. Исечканиот лимон и сокот од лимон истурете ги во сад со издробениот лук. Изрендајте го ситно ѓумбирот и додајте во смесата со лук и лимон. Во истата смеса додадете мед и сето убаво измешајте додека не се соедини.

Добиениот лек истурете го во тегла, покријте го и чувајте го на ладно и темно место. Можете да земате по една кафена лажичка секое утро. Ако не ви се допаѓа вкусот, прелијте 1 лажичка со шолја топла вода, промешајте и испијте.

извор и фото: espreso.com.rs