Во Подгорица се протестира против гласање недоверба на Владата – ММС
ММС

Објавено на: 01/30/22 7:51 PM

Во Подгорица се протестира против гласање недоверба на Владата

Во Подгорица вечерва се одржува нов протест против најавата за гласање недоверба на актуелната влада и евентуалното формирање малцинска влада.

Граѓаните се собраа пред црквата Христово Воскресение, јави РТЦГ.

Според планот, насобраните во знак на протест треба да пешачат до зградата на Парламентот на Црна Гора.

Меѓу демонстрантите има и функционери на Демократска Црна Гора, Обединета Црна Гора и Вистинска Црна Гора, објави подгоричкиот весник „Вијести“.

mia

фото-вјести