Урагански ветришта беснеат во северна Европа, а деветгодишно момче го загуби животот во Англија. Силниот ветер што го донесе бурата „Малик“ остави без струја илјадници домаќинства во Германија, Полска, Данска и Велика Британија, а пријавени се и голем број смртни случаи од соборени стебла, известува Агенција Анадолија (АА).
Бурата, наречена „Наѓа“ во Германија и „Малик“ во другите земји, ден претходно имаше оркански ветришта. Пешак загина во германската покраина Бранденбург кога врз него падна билборд. Во покраината Бремен, маж се здоби со тешки повреди кога врз него падна дрво. Во Берлин е воведена вонредна состојба, а неколку луѓе ги загубија животите од соборените дрвја.
На северот од Германија имаше доцнење и откажување на возовите, имаше и голем број соборени дрвја, а штета причинија и предметите што летаа понесени од ветрот. Пожарникарите и полицијата во текот на ноќта неколку стотина пати мораа да излезат на терен.
Во Хамбург под вода бил рибниот пазар поради големиот бран на плима. Имале проблеми и со испораката. Еден брод заглави под мост, а истоварен товарен брод талкаше по морето неколку часа додека не успеаја да го прикотват, без да има повредени.
Во Англија едно дрво усмрти деветгодишно момче. Несреќа е пријавена во централна Англија. Во земјата без електрична енергија останале 130.000 домаќинства.
Шкотска објави извештај за ветришта со брзина од 160 километри на час. Ветриштата биле кобни за 60-годишна жена врз која паднало дрво.
Соборено дрво беше фатално и за едно лице во Полска, од каде што известуваат за масовен прекин на електричната енергија, поради што 680.000 домаќинства останаа без струја.
Затворен е и мостот што ги поврзува Данска и Шведска.
„Малик во меѓувреме стигна и до Данска, каде во приправност биле 10.000 спасувачи. Во Фредериксунд поради претпазливост се евакуирани 20 луѓе кои зависат од дневна нега. Во случај на поплава, не би можело да се дојде до нив и да им се пружи нега.
На островот, кој е и главен град Копенхаген, прекинат е железничкиот сообраќај, а затворен е и мостот што ги поврзува Данска со Шведска.
извор-Агенција Анадолија