Молк, солзи и неизмерна жалост по уште еден загубен живот- Радовишани, пријатели, роднини, случајни минувачи и оддадоа почит на Викторија на пешачкиот премин кај Сити мол-Скопје местото каде што таа го загуби својот живот.
Се палеа свеќи, беше положено цвеќе. Присутните побараа да се стави веќе крај на несовесното возење и неказнивоста на возачите, да се подигне свеста за поголема безбедност во сообраќајот.
„Пешачкиот премин е за преминување од една страна на улицата на друга, а не премин од овој на другиот свет,“ порачаа пријателите на Викторија. Тие бараат правдата да биде задоволена.
фото-prt sc