Данска ја освои бронзата на Европското ракометно првенство – ММС
ММС

Објавено на: 01/30/22 5:48 PM

Данска ја освои бронзата на Европското ракометно првенство

Репрезентацијата на Данска го освои третото место на Европското ракометно првенство. Данците до бронзата дојдоа попладнево по победата во Будимпешта над Франција со 35:32 остварена по продолженија.

По основните 60 минути резултатот беше нерешен 29:29, а во дополнителните десет минути Данска постигна шест голови, Франција само три.

Големото финале е закажано за 18 часот исто така во Будимпешта. Во дуелот за златото ќе се соочат Шведска и Шпанија.