Надал трумфираше на Австралија Опен, ова е негова 21-ва титула на Гренд слем турнирите – ММС
ММС

Објавено на: 01/30/22 5:41 PM

Надал трумфираше на Австралија Опен, ова е негова 21-ва титула на Гренд слем турнирите

По голема битка и речиси 5,5 часа борба, Шпанецот Рафаел надал го совлада Русинот, Данил Медведев кој во одсуство на Ѓоковиќ важеше за топ фаворит
Иако Медведев го дооби првите два сета 6-2 и 7-6, сепак Надал не се откажа па во наредните два возврати со 6-4. Во решавачкиот пети сет Шпанецот направи два брејка наспроти едниот на Медведев па со 7-5 го реши сетот во своја полза и конечен триумф со 3:2 во сетови.
За Надал ова е само втор триумф во Мелбурн, и тоа по пауза од 13 години.
Рускиот тенисер Данил Медведев ги сподели емоциите по поразот во финалето на Австралија опен.

„Тешко е да се зборува по 5,5 часа. Сакам да му честитам на Рафа. Она што го направи денес е неверојатно. Го прашав: „Дали си воопшто уморен?“ Ова е генерално лудо. Рафа го подигна нивото по два сета. Рафа, ти си неверојатен шампион. И твојата конфронтација со „Големата тројка“ сè уште не е завршена. За жал, мојата сопруга не беше на трибините. Најверојатно го скршила телевизорот дома од фрустрација. Следниот пат ќе се обидам да играм подобро,“ изјави Медведев по денешното финале.