Научниците потврдија- До 2050 година ќе останеме без кафе, ќе можат да го пијат само богатите – ММС
ММС

Објавено на: 01/30/22 5:28 PM

Научниците потврдија- До 2050 година ќе останеме без кафе, ќе можат да го пијат само богатите

До 2050 година, според сценариото за умерените климатски промени, светот би можел да изгуби повеќе од половина од обработливото земјиште на кое сега се одгледува кафе.

Во моментов водечкиот светски производител на кафе, Бразил, ќе загуби 79 отсто од својата површина за одгледување кафе со оваа стапка.

Ова се заклучоците од новата студија на научниците од Швајцарија, кои го проценија потенцијалното влијание на климатските промени врз некои тропски растителни видови, вклучувајќи кафе, индиски ореви и авокадо.

Сите три вида се важна храна со која се тргува низ целиот свет, а која најмногу ја произведуваат малите фармери во тропските предели.

Кафето е секако најважното нешто овде – се очекува да заработи 460 милијарди долари во 2022 година. Трговијата со авокадо е вредна 13 милијарди, а индиските ореви 6 милијарди долари.

Делови од Кина, Аргентина и САД ќе станат погодни за одгледување кафе. Она што е исто така сигурно е дека овие промени најверојатно ќе се случат поради многу бавниот одговор и реакција на човештвото на намалувањето на емисиите на јаглерод диоксид.

Затоа, како што истакнуваат научниците, потребно е да се прилагодиме на претстојните промени во времето – полека треба да започне транзицијата кон други култури. Сепак, какви и да се преземат мерки, многу тропски култури веројатно ќе станат поретки и, според тоа, поскапи во иднина.

извор-srbijadanas.com