Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 5.082 тестови, а регистрирани се 1.254 нови случаи на КОВИД-19. Во истиот период се регистрирани и 21 починато лице и 28 оздравени пациенти.
Како што информираа од Министерството за здравство, од вкупниот број новозаболени од Скопје се 655, Битола 87, Куманово 55, Тетово и Кавадарци по 46, Прилеп 40, Велес 33, Штип 31, Струмица 30, Гевгелија 29, Гостивар 25, Неготино 23, Кичево и Свети Николе по 19, Охрид и Кочани по 17, Ресен и Крива Паланка по 12, Богданци 9, Виница 8, Струга 6, Радовиш и Дебар по 5, Делчево 4, Крушево, Македонски Брод и Пехчево по 3, Берово, Валандово, Кратово и Демир Хисар по 2 и Пробиштип, Македонска Каменица, Демир Капија и Дојран по 1.
Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 169 реинфекции.
Од регистрираните 28 оздравени пациенти од Скопје се 14, Кочани 5, Богданци 3 и Кичево, Гевгелија, Радовиш, Пробиштип, Кратово и Крушево по 1.
Од 21-то починато лице регистрирани во текот на изминатите 24 часа, 7 се од Скопје (65г, 79г, 82г, 83г, 84г, 85г и 90г), по 3 од Кавадарци (64г, 72г и 87г) и Струмица (54г, 62г и 75г), 2 од Прилеп (72г и 82г) и по едно починато лице е од Куманово (87г), Битола (78г), Тетово (73г), Кичево (80г), Струга (66г) и Неготино (63г). Сите регистрирани починале во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица, девет лица биле целосно вакцинирани, а 20 имале коморбидитети.
Направени се 5.082 тестови преку: ИЈЗ-308, ЦЈЗ Скопје-54, ЦЈЗ Битола-103, ЦЈЗ Прилеп-39, ЦЈЗ Куманово-70, Институт за микробиологија–158, Жан Митрев (Филип Втори)-114, Авицена-161, Биотек-201, Систина-70, лабораторија Лаор-183, Синлаб-27, Ремедика-5, Плодност-65, Генеа-7, Никоб Лаб-488, ВФВ Медикал-82, Ели Медика-20, Ројал Медика–27, Спектра-ММ-30, Рапид Лаб–55, Жан Митрев Струмица–18, Нова Лаб Дијагностика–9, Рамус-12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.776.
Досега во земјата се направени вкупно 1.785.054 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 268.191, бројот на оздравени пациенти е 239.694, на починати е 8.383, а бројот на активни случаи изнесува 20.114.