Во германскиот град Келн отворен е 51. ИСМ Меѓународен саем за колачи и кекс, што се смета за најголем светски саем во овој сектор, известува Агенција Анадолија (АА).
На Саемот што се одржува во Саемскиот центар во Келн свои производи излагаат компании од бројни земји, вклучувајќи ги и Германија, Франција, Белгија, Шпанија и Турција.
Халук Окутур, претседател на Управниот одбор на Истанбулската асоцијација на извозници на житарки, мешунки и други производи (IHBIR), изјави дека по тој повод и тие на Саемот пред целиот свет ги претставиле турските производи со висок квалитет, како што се колачите и чоколадите.
Окутур нагласи дека турските компании му придаваат големо значење на овој меѓународен саем.
„Овој саем е незаменлив за Турција. Турските компании со своите производи, брендови, услуги и квалитет му даваат дополнителна вредност на овој саем“, нагласи Окутур.
Саемот во Келн ќе биде отворен до 2 февруари.
извор-Агенција Анадолија