Здруженијата „Од нас за нас“ и „Слобода и правда“ денеска со протестен караван со автомобили и вклучени сирени побараа учебната година да продолжи со физичко присуство и без протоколи за децата, а се и со категоричен став дека маските не треба да се носат во училиште.
„Ние како здружение излеговме со став уште на 30 август дека поддржуваме физичко присуство без никакви протоколи за децата. Се уште сме на тој став и сметам дека децата треба и е потребно да бидат во училишните клупи и заради подобро образование и заради нивната дружба, меѓутоа маските, особено маските од сите протоколи, не треба да ги носат,“ рече Гордана Гоџо, претседателка на Здружението „Од нас за нас“.
Од Здружението „Слобода и правда“ од Струмица велат дека со актуелните протоколи се кршат повеќе закони и голем број човекови права.
„Имаме повторно поднесено барање до училишните одбори да ни кажат дали тие ги имаат усвоени протоколите, а ако не по кој закон и по која основа ги применуваат протоколит“ рече Лидија Панова од Здружението „Слобода и правда“.
Граѓаните и здруженијата кои не ги поддржуваат ковид-мерките повеќе месеци повремено протестираат со организирање протестни каравани со автомобили и бараат укинување на мерките.
фото-prt sc
миа