Три лица повредени во сообраќајна незгода во пробиштипско – ММС
ММС

Објавено на: 01/30/22 3:58 PM

Три лица повредени во сообраќајна незгода во пробиштипско

Три лица се повредени од кои две потешко во сообраќајната незгода што се случила во текот на вчерашниот ден во пробиштипско, во месноста викана „Лезовска Чешма“.

„На 29.01.2022 околу 14.40 часот на регионален пат Р-1205, во близина на место викано „Лезовска чешма“ во Пробиштип се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел омега“, со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(61) од Пробиштип, патничко возило „опел вектра“, со бугарска национална ознака, управувано од Љ.Н.(41) од Пробиштип и патничко возило „опел корса“, со кочански регистарски ознаки, управувано од С.С.(42) од Кочани. Во несреќата Љ.Н. и Р.П. се здобиле со тешки телесни повреди, додека сопатникот од возилото „опел омега“, И.С.(50) од с.Неокази, пробиштипско, се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница. -Штип,информираат од СВР Штип.

Увид извршила увидна екипа од Полициска станица Пробиштип.

Едно од лицата со тешки телесни повреди поради сериозноста на повредите е пренесено на скопските клиники.