Охриѓанец со нож ги нападнал членовите на своето семејство, Полицијата го привела – ММС
ММС

Објавено на: 01/30/22 12:49 PM

Охриѓанец со нож ги нападнал членовите на своето семејство, Полицијата го привела

Полицијата привела Охриѓанец, кој со нож во сопствениот дом нападнал членови на своето семејство. Приведено е и уште едно лице кое што агресивно се однесувало кон полициски службеници.

„На 29.01.2022 година во 21.50 часот, во СВР Охрид е приведен Ф.П.(21) од Охрид, кој претходно, во семејниот дом физички нападнал членови на семејството. При извршен преглед кај него е пронајден и одземен остар предмет. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, “ информираат од СВР Охрид

Приведено е и уште едно лице кое што агресивно се однесувало кон полициски службеници.

„ Утрово во 04.50 часот, во СВР Охрид приведен е С.И.(38) од селото Лешани, општина Дебарца. Тој, претходно, на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид,  го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои вршеле службени дејства. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, “ се додава во соопштението.