Немаат доволно опрема, а нема ниту скијачка култура – Како функционираат Античките лекари на Попова Шапка? – ММС
ММС

Објавено на: 01/30/22 12:30 PM

Немаат доволно опрема, а нема ниту скијачка култура – Како функционираат Античките лекари на Попова Шапка?

 

Утрото започнува со проверка на ски патеките, заштитната опрема поставена на самите патеки, потоа следува патролирање и интервенции, ако има повредени скијачи.

Ова е еден вообичаен работен ден за спасителната служба на Попова Шапка „Акслепи“ или во превод Антички лекари. Тие први поминуваат на патеките, но и го затвораат скијачкиот ден, со проверка дали некој скијач останал залутан и слично.

Во текот на денот се соочуваат со бројни предизвици, оти се работи за планина каде моментите на изненадување се големи. Стрмни терени, нагла промена на времето, недисциплинирани скијачи, желни за авантура и адреналин.

Константин Циривири, одговорен за спасителната служа „Асклепи“, вели дека во една сезона на ски центарот има и до 400 сличаи на повреди, а тие никогаш нема да се елиминираат, оти се работи за туризам на отворено. Причините се разни, но најголема превентива е самата дисциплина кај скијачите, која и ја нема кај поголем број од нив.

-На дневна основа имаме повреди најчесто во време на викенди, но може да има исклучок и преку работните денови, ако имаме нагло влошување на времето. Значи во просек може да имаме до 10 повреди, од кои неколку завршуваат како тешки, за кои е потребен медицински транспорт.Во однос на капацитетот што го има ски патролата не е многу, но морам тука да кажам дека имаме сериозен недостаток од опрема, бидејќи ние немаме извори на финансирање надвор од ова што го работиме. Тука да споменам дека некогаш имаме повреди од врвни скијачи со супер опрема, заради недобрата проценка на самиот терен, вели Циривири

Освен едукација, вели тој,  треба да имаат и уредени скијачки центри, да се знае кој терен е за скијачи , а кој за останатите.

-Во едно скијалиште има три категории на туристите, скијачи, санкачи и пешаци и тие треба да се движат по свои терени. На Запад има добра регулатива, но и овластување на центарот да преземе одредени мерки, ако некој користи сосема друга патека, што не е предивдена за него. Тука кај нас не е баш така и плус има големи гужви и многу е тешко сето тоа да се изменаџира. Има некој напредок, но не може тоа да се случи преку ноќ. Потребно е да се додефинира регулативата, со која се дообјаснуваат одредени детали во организацијата на самите терени, истакна Циривири.

Поради немање на доволна скијачка култура, пред повеќе од две недели на скијачкиот центар Попова Шапка, залутаа над триесетина скијачи претежно од Косово. Тие беа пронајдени со помош на навигација надвор од ски патеките и транспортирани до центарот од страна на спасителната служба и екипата на ски центарот Попова Шапка.

Текст и фото: Зоран Димовски