Тотенхем го позајми Кулушевски од Јувентус за пет милиони евра со два услова за задолжителен откуп – ММС
ММС

Објавено на: 01/30/22 11:30 AM

Тотенхем го позајми Кулушевски од Јувентус за пет милиони евра со два услова за задолжителен откуп

Тотенхем се договори со Јувентус за позајмица на играчот од средниот ред Дејан Кулушевски до крајот на сезоната за пет милиони евра.

Купувањето на 21-годишниот шведски репрезентативец со македонско потекло за 35 милиони ќе стане задолжително за лондонскиот клуб доколку се исполнат два услови. Првиот е Спарс да стигнат до Лигата на шампионите, а вториот е Кулушевски да одигра најмалку половина од натпреварите за Тотенхем.

На 20 натпревари од сезоната во Серија А, Кулушевски има постигнато еден гол и креирано три асистенции.

mia