Објавата за аудиција за нова претстава во штипскиот театар, повод за ново препукување, овој пат на релација ВМРО-ДПМНЕ и директорот на НУЦУК „Ацо Шопов“ Горан Трајков.
Според ВМРО-ДПМНЕ, објавената аудиција за претстава на НУЦК „Ацо Шопов“ е претходно „режирана“ од директорот, Горан Трајков, и тој има информација дека истата ќе се работи. Директорите ли си ги бираат проектите, зад завесата, министрите ли се?“, прашаа денес на прес – конференција од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.
„Во текот на вчерашниот ден на ФБ профилот на Центарот за култура во Штип е објавен повик за аудиција на претставата „Амбасадор“. Информирани сме дека тоа е предлог програма за проект од национален интерес за 2022 година. Затоа го повикуваме директорот на Центарот за култура да каже од каде му е информацијата дека оваа претстава ќе се работи, кога програмата за одобрени проекти од национален интерес за 2022 година сѐ уште не е објавена од Министерството за култура.– реагираа од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.
Нема да навлегувам во партиски препукувања. Претставата и да се добие и да не, сепак ќе се работи, одговори Трајковски на денешната прозивка од ВМРО-ДПМНЕ. Порача да не му се мешаат во работата.
„Јас нема да навлегувам во партиски препукувања. Она што можам да го кажам е дека културата не е повеќе партиска, туку им припаѓа на сите граѓани. Од она што го слушнав од нивната прес – конференција и прашањата што ги поставија пред граѓаните, должен сум да им одговорам. Ние според програмата имаме пет театарски проекти, за секој проект ќе се одвива аудиција независно дали проектот е добиен или не. Толку имам да кажам и ќе ги замолам да не ми се мешаат во работата на националната установа“, одговори директорот, Горан Трајков.
Во објавеното соопштение на Фејсбук на театарот објавен е повик за аудиција за претставата„Амбасадор“ од Славомир Мрожек во режија на Андреј Цветановски,. Аудицијата е закажана за 3 февруари, во 11 часот, во штипскиот театар.