Големиот број жртви низ патиштата и улиците во државава воопшто не треба да не зачудуваат, доколку само се погледне резултатот од акцијата на МВР.
Во текот на изминатата вечер, во периодот од 22 часот, до три по полноќ спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 138 пијани возачи.
Од нив, 30 на територијата на СВР Скопје, 24 на територија на СВР Битола, 21 на територијата на СВР Тетово… При акциската контрола откриени се и 166 други видови прекршоци.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.