Министерството за надворешни работи демантираше дека на погребот на легендарниот музичар Аки Рахимовски немало преставник од нашата земја по информациите кои се појавија на социјалните медиуми.
МНР потврди дека амбасадорот на Република Северна Македонија во Хрватска, Миљаим Фетаи присуствувал на погребот на Аки, а македонското знаме било обезбедено од Амбасадата.
„Во врска со објавените информации дека на погребот на еден од најпопуларните музичари, Аки Рахимовски вчера во Загреб, немало претставник од Република Северна Македонија, би сакале да информираме дека амбасадорот на нашата држава во Загреб, Миљаим Фетаи присуствуваше на погребот, изразувајќи почит кон дејството на познатиот музичар, при што положи и венец. Знамето со кое беа покриени посмртните остатоци на нашиот голем уметник, беше обезбедено од Амбасадата“, соопштија од МНР.
О.К.