Кардио-васкуларната болница во Охрид повторно ќе биде ковид центар – ММС
ММС

Објавено на: 01/28/22 2:19 PM

Кардио-васкуларната болница во Охрид повторно ќе биде ковид центар

Од понеделник Центарот за кардио-васкуларни заболувања во Охрид повторно ќе работи како ковид-центар, поради зголемениот број лица инфицирани со корона-вирусот во градот.
Според последните податоци, во Општата болница во Охрид се сместени 43 лица заболени од Ковид-19 така што се пополнети капацитетите на установата за прием и третман на тој вид пациенти.
Директорот на Општата болница, Горан Балевски, вели дека притисокот врз установата е голем, со дневно и над 150 амбулантски прегледи, а исполнети се одделенијата за инфективни и интерни болести. Тој појаснува дека установата нема доволно персонал за да ја опслужува модуларната болница, заболени со Ковид-19 има и меѓу вработените, а проблемот со персонал на постоечките одделенија се решава со ротации.
Моментално во Охрид се регистрирани 370 активни случаи на лица инфицирани со Ковид-19.

МИА