МОК ги промовираше тројцата олимпијци кои ќе ја претстават Македонија на Зимските игри во Пекинг – ММС
ММС

Објавено на: 01/28/22 2:03 PM

МОК ги промовираше тројцата олимпијци кои ќе ја претстават Македонија на Зимските игри во Пекинг

Денес во просториите на МОК беше претставена македонската Олимписка делегација која ќе учествува на зимските Олимписки игри Пекинг 2022 и тоа во следниот состав:
– Ана Цветановска – Крос кантри – тренер Борче Јовановски – дисциплини 7,5 км слободно плус 7,5 км скијатлон и 10 км класично (настап на 5 и 10 Февруари).
– Дардан Дехари – Слалом и Велеслалом – тренер Антонио Ристевски (настап на 13 и 16 Февруари).
– Ставре Јада – Крос кантри – тренер Борче Јовановски / дисциплини Спринт слободно 1,5 км и 50 км слободно (8 и 19 Февруари).
Ставре Јада се заблагодари на МОК посебно за делот на финансирањето и на доделените 54.000 американски долари за припреми и учество на натпревари. Истиот износ, по 54000 американски долари беа инвестиран и во Михаела Даноска и Мирко Лазаревски кои за жал не успеаа да обезбедат Олимписка норма.
Дардан Дехари доби посебна финансиска помош од 300.000 денари за своите завршни подготовки.
Поставени се строги правила во поглед на Ковид пандемијата и сите учесници на олимпијадата ќе бидат под строго контролирани и поставени мерки на кои ќе мора да се придржуваат во текот на нивниот престој во Кина.
Македонското знаме на церемонијата на отварање на зимските Олимписки игри ќе го носат Ана Цветановска и Дардан Дехари.

извор: МОК

фото: МИА