За една недела 3.980 граѓани се возеле со жичницата до Милениумскиот крст – ММС
ММС

Објавено на: 01/28/22 2:07 PM

За една недела 3.980 граѓани се возеле со жичницата до Милениумскиот крст

Во периодот од 20 до 27 јануари со жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст се возеле вкупно 3.980 граѓани, а само за време на минатиот викенд, 2.893 граѓани. Како што соопштија од Град Скопје, жичницата и трите автобуски линии кои сообраќаат до Средно Водно повторно се во функција од 30.12.2021 година и во периодот ноември – март таа ќе работи секој ден, освен понеделник и секој последен вторник во месецот (поради сервис), од 10 до 17 часот.
Од Град Скопје воедно информираат дека за возење во жичницата важат протоколи за заштита од ковид-19 , се дозволува превоз на максимум четири лица со маска, а кабините се дезинфицираат три пати во текот на денот.
За граѓаните на користење се отстапуваат и два транспортера за превоз на домашно милениче (куче со мал/среден раст), а дозволен е и превоз на куче-придружник на лица со хендикеп.